
Вилијамс ја елиминираше Осака
Во полуфиналето на женскиот дел од тенискиот турнир во Монтреал ќе настапи само една носителка откако во трите останати дуели фаворитките забележаа порази.
Серена Вилијамс славеше во соочувањето со Наоми Осака, поранешниот светски рекет број еден со 2:0 по сетови 6:4 и 6:4 беше поуспешна од втората носителка на турнирот.
Американката Софија Кенин беше поуспешна од шестата фаворитка Елена Свитолина совладувајќи ја со 7:6 и 6:4, Бјанка Андрееску ја елиминираше третата носителка Каролина Плишкова додека Мари Бузкова место во полуфиналето обезбеди откако Симона Халеп по првиот сет го предаде мечот.