Седум недели пауза за Алисон

Фудбалерите на Ливерпул со победа ја отворија новата сезона во Премиер лигата, но стартот на шампионатот му донесе многу грижи на менаџерот Јурген Клоп.

Во финишот од првото полувреме поради повреда на листот предвреме теренот мораше да го напушти првиот голмански избор Алисон и според првите прогнози на лекарите тој ќе мора да паузира најмногу два месеци.

Менаџерот Клоп нема да може да смета на Алисон на дуелот од Супер купот на УЕФА што в среда ќе се одигра во Истанбул, а најверојатно ќе ги пропушти мечевите против Саутхемптон, Арсенал, Барнли, Њукасл и Челзи како и првиот дуел на “црвените” во фазата по групи во Лигата на шампионите.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ