
Стартува новата сезона во ПМФЛ
Денеска се играат четири натпревари од првото коло во фудбалскиот шампионат на Македонија. На отворањето од новата сезона во Струмица победникот на Купот, Академија Пандев е домаќин на шампионот Шкендија.
Новиот прволигаш Струга Трим Лум го пречекува Работнички, Шкупи пред своите навивачи се среќава со Борец додека Ренова е домаќин на Силекс. Сите натпревари почнуваат од 17 часот и 30 минути.
Првата рунда во домашниот шампионат се затвора утре со градското дерби меѓу Вардар и Македонија ЃП, дуелот стартува од 17 и 30, а поради зафатеноста на арената Тодор Проески натпреварот ќе се игра на терените на тренинг центарот Петар Милошевски.