
46 кандидати за АВМУ и програмскиот совет на МРТ одат на проверка кај антикорупциска
28 Новинари, инжењери, правници и економисти и досегашни членови во трка за 7 места во Агенцијата за медиуми.
По две паузи и усогласувања, пратениците во собраниската комисија одлучија кандидите прво да поминат на оценка кај државната комисија за спречувњае комисија, а потоа да се појават пред пратениците на јавна расправа околу нивните кфалифиакции.
Најспорни според членот 16 за директно или индиректно влијание, кандидатите чии што сопружници работат во медиуми или поседуваат медиуми.
Помал бил интересот за членови на програмскиот совет на МРТВ со 18 кандидити за 11 места. И за нив ќе проверува антикорпуциска.
Што и да „мисли“ антикорпуциска конечниот филтер ќе го направи комисијата ,а телата ќе се пополнат дури наесен по гласањето со двотретинско мнозинство. Програмски совет на МРТ и Советот на АВМУ потоа треба да изберат нови директори на јавниот сектор и на Агенцијата.
На тие функции со години наназад се Марјан Цветковски и Зоран Трајчевски. Комисијата предводена од опозицијата го прифати и изборот на новиот член Александар Спасов на местото на Иванка Додовска во националниот совет за евроинтеграции како предлог на претседателот Стево Пендаровски.
Павле Беловски