Потребни се нови критериуми за обвинителите кои ќе бидат дел од новоформираното обвинителство за борба против организиран криминал и корупција
Бадентеровиот принцип постепено се претвора во алатка на злоупотреба и наметнување на етно-национализмот како основа на градењето на односите во Република Северна Македонија, наместо промоцијата на граѓанскиот концепт. Ова е ставот на професорката Мирјана Најчевска по изјавата на пратеникот на ДУИ Артан Груби Обвинителот на новото обвинителство да се избира со Бадентер и прашањето што го наметна тој – зошто да не биде Албанец. За ова но и за други прашања поврзани со предлог законот за Јавно Обвинителство како и за случајот „Рекет“ но и слободата на медиумите по најавата на власта за воведување на тело за борба против лажните вести.