
ХАЛЕП ШАМПИОНКА НА ВИМБЛДОН
Феноменaлната тенисерка од Романија го одигра веројатно најдобриот меч во карирета и за неполн час на централниот терен на Ол Ингалд клубот во Лондон ја порази Серена Вилијамс со 2-0, по сетови 6-2,6-2.Во освојување на првиот ГС трофеј на Вимблдон во кариерата, 27 годишната Халеп успеа да излезе од сенката на седмулратната шампионка која пред финалето имаше скор од 10-1 против тенисерката од Констанца.Халеп која лани го освои Ролан Гарос, заработи 2.350.000 фунти и од понеделник ќе направи скок од 7. до 4. место на ВТА листата.На другата страна,Серена Вилијамс пропушти можност да стигне до 24. ГС трофеј во кариерата и да се изедначи со рекордерката Маргерет Корт.Утре во машкото финале на Вимблдон ќе играат Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.