10 каратисти на Макпетрол ќе учествуваат на светскиот карате куп во Умаг

Каратистите од Карате клубот Макпетрол – Скопје, денеска заминуваат на турнир од Светската карате лига за младинци во Умаг, Хрватска.

Во периодот од 5-ти до 7-ми Јули 2019 година, ќе се одржи светскиот Карате куп или Светска лига за младинци. На ова првенство до сега има  пријавено вкупно 2669 учесници од 73 држави од целиот Свет.

Каратистите на Макпетрол се максимално подготвени и во изјавата од нивниот тренер Бошко Заборски, од нив се очекува да прикажат добри борби, висока техничка подготвеност и да се закитат со некој од медалите. Да напоменеме дека за македонските каратисти ова натпреварување е од голема важност, бидејќи ова натпреварување е ставено како критериумски турнир за влез во младинската државна репрезентација.

За Умаг денеска ќе отпатуваат следните спортисти:

  1. Анѓела Мојсовска У21, категорија -68 кг
  2. Стефан Стојановиќ, кадет -70 кг
  3. Глигор Петков У1, категорија -84 кг
  4. Кристијан Бошковски, Јуниор -68 кг
  5. Данило Божовиќ, кадет +55кг
  6. Димитар Лозановски, кадет -63 кг
  7. Марија Петровска, јуниор -48 кг
  8. Давид Рамадановски, јуниор – 68 кг
  9. Роберто Ацковски, У21-67 кг
  10. Абдурахим Идризи, У21-60 кг

Во Умаг спортистите ќе ги предводи помошниот тренер на Макпетрол, Петар Заборски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ