Објавена „бомба“ за Разшковски за наводен тендер од 7 милиони евра

На руска социјална мрежа е објавен, а пренесен од порталот Експрес Мк,  аудио разговор меѓу генералниот секретар на Владата Драги Рашковски и високи државни функционери на кој наводно се договара тендер во вредност од 7 милиони евра, финансиран од Европската банка за обнова и развој. Порталот тврди дека дека материјалот им бил доставен од свикрачи а транскриптот и аудио форматот се објавени без никакви промени, онака како што им се доставени.

Според нив Рашковски заедно со претседателот на МНАВ Николче Тасевски и шефот на кабинетот на министерот за транспорт Митко Тајчулески, на работен состанок на 18 октомври 2018 година договарале понуда за набавка на нов АТМ систем за контрола на летање од италијансата компанија Леонардо. Иако датумот за тендерот бил изминат веќе три дена проектот го доделуваат на италијанската фирма Леонардо која не ги исполнувала критериумите за набавка.

По објавувањето на снимката реагираше генералниот секретар на Владата Драги Рашковски. Ги отфрли како неточни наводите најавувајќи кривични пријави против одредени лица. Во телефонски разговор за Телма Рашковски вели дека целиот разговор бил сниман од разрешениот технички  директор на МНАВ Климент Чепуњовски, кој пред неколку дена ја дал снимката на вискок функционер од ВМРО-ДПМНЕ откако претходно дознал дека за него е подготвен извешај од Комитетот за воздухопловни несреќи за предизвикување сериозен инцидент. Рашкоски го повика обвинителството да го испита целиот случај и да утврди дали се вистинити или не наводите за тендерот. Тврди дека тендерот и најповолниот понудувач се направени во 2016 година, но договорот за нов радарски систем не бил потпишан.

Новиот директор Чепуњовски свесен за состојбата со техниката, намерно не го потпишувал договорот и праќал навредливи писма кон ЕБРД правејќи незаконски дејствија за кои имало докази во обвинителството. Според Рашковски на состанокот не се договарал никаков тендер, туку се говорело за динамиката на испорака на веќе завршена постапка од 2016 година.

Во снимениот разговор кој не е објавен во целост, во ниту еден момент не се зборува за манипулирање со тендерска постапка, туку за тоа како граѓаните да добијат побезбедно небо. Од акцискиот план на МНАВ се гледа дека одлуката за набавка на АТМ системот е донесена пред април 2018 година (6 месеци пред одржување на состанокот од снимениот разговор). Во целиот период до одржување на состанокот потпишувањето е опструирано од Чепуњовски (за тоа докази во идните објави) со цел која дополнително ќе се дознае. Исто така ќе се дознае зошто и како е компилиран разговорот во насока дека некои искажани зборови се насочени кон одредена држава.), вели тој.

Рашковски најави дека во наредните денови ќе објави дополнителни документи а ќе одржи и прес конференција на која ќе соопшти како некој сакал преку Климент Чепуњовски да предизвика инцидент загрозувајќи човечки животи.

Јулијана Пешевска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ