Археолозите работат на два локалитета на експресниот пат Штип – Кочани

Тимот од археолози во рок од 40 дена треба да ги завршат истражувањата на два локалитети по трсата на експресниот пат Штип-Кочани. За само неколку дена на доцно античкиот локалитет Долченица кај селото Жиганци открија дел од некрополата, односно гробница на великодостојници, а додека екипита на Телма беше на терен се откриваше и втората гробница. Археолозите имале среќа што пред нив локалитетот не бил загрозен од дивитекопачи.

Тимот од 60 археолози и работници од наредната недела ќе работи и на локалитетот кај селото Соколарци, каде што поминува овој екпсресен пат. По неколку децении на овој терен се истражува.

Археолошките истражувања, кои ги финансира Јавното претпријатие за државни патиошта чинат околу три милиони денари. Минатата година археолозите работеа на вакви истражувања на екпсресниот пат Штип-Радовиш.

Викторија Димитрова Јованова

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ