
ДАВИД ПИСОНЕРО НОВ ТРЕНЕР НА РК ВАРДАР
Европскиот шампион Вардар и во наредните две сезони ќе има тренер од Шпанија.Давид Хозе Писонеро ќе го замени Роберто Парондо.
После Гонзалес и Парондо,двократниот европски првак доби нов тренер од Шпанија.Како што објави РК Вардар,Давид Хозе Писонеро ќе ја води екипа во наредните две сезони.Писонеро има 46 години и доаѓа од редовите на Ваљадолид каде беше и играч:Горд сум што ќе бидат тренер на Вардар и што ќе играм во ЛШ,истакнал шпанецот после официјализирање на соработката со екипа од Јане Сандански.