Ракометарките почнаа со подготовки за баражот со Словенија

Македонската женска ракометна репрезентација од денеска ги почна подготовките за бараж дуелотза пласман на Светското првенство против селекцијата на Словенија.

Селекторот Симе Симовски на располагање ги има сите повикани ракометарки кои во соочувањето со Словенија имаат шанса по подолга пауза повторно да бидат дел од едно големо натправрување.

“Уште кога беше ждрепката рековме дека не се Данска или Норвешка, но селак се силна селекција. Ако ги видите нивните настапи на последните турнири, ќе видите дека е репрезентација за респект. Ние ја посакувавме, тоа е така, но без разлика што во моментов се фаворити, ние немаме намера да се предадеме. Она што јас го посакувам, тоа е тимска игра. Само тоа може да ни биде пат до успех од овој бараж двомеч”, изјави селекторот Симовски.

Првиот натпревар со Словенија се игра в недела со арената Борис Трајковски, почетокот е закажан за 20 часот и 30 минути, а ќе можете да го следите низ директен пренос на Телма.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ