
ВАРДАР ПРОТИВ БАРСЕЛОНА ЗА ФИНАЛЕ ВО ЛШ
Третиот Ф4 за Вардар ќе значи и по втор пат полуфинале на македонскиот тим со Барселона,после сезоната кога клубот од Скопје стана Европски шампион.Денешната ждрепка на ЕХФ ги одреди старите равали како противници во првото полуфинале, во второто, Веспрем ќе игра со Кјелце.
Мислам дека сите 4 екипи имаат подеднакви шанси да го освојат турнирот.Можеби предност има Барселона,тие беа први во нашата група,не победија на два пати оваа сезона ,но ние сме Вардар и никогаше не се предаваме . Мислам дека претходните натпревари од групната фаза нема да бидат важни за подготовките за Келн,сега се игра само еден меч,ова е Фајнл фор и се може да се случи – истакна Стојанче Стоилов,капитенот на РК Вардар.
Вардар има негативен биланс во дуелите со Барселона,9/2.Каталонците оваа сезона славеа на двата пати, 30-26 во Скопје и 34-26 во Блауграна,но во единствената пресметка досега на Ф4 турнирите во ЛШ,Вардар во 2017 го порази шпанскиот гигант во полуфиналето со 26-25 и закажа меч со ПСЖ кој го лансираше македонскиот првак до историската титулата,шампион на Европа.