
Ѓоковиќ и Осака водечки на АТП и ВТА листите
Новак Ѓоковиќ и Наоми Осака и натаму останаа на водечките позиции на најновите светски ранг листи. Петра Квитова по триумфот во Штутгарт сега е втора тенисерка на светот.
Ѓоковиќ ја зголеми предноста во однос на Рафаел Надал и оваа недела светскиот рекет број 1 во однос на второпласираниот има скоро 4000 бода повеќе. Трет и натаму е Александер Зверев на четвртата позиција се наоѓа Роџер Федерер додека петтопласираниот Доминик Тим по триумфот во Барселона ја намали предноста предноста на Швајцарецот. На шестото се наоѓа Кевин Андерсон, а листата од десет најдобри на светот ја комплетираат Кеи Нишикори, Хуан Мартин дел Потро, Џон Изнер и Стефанос Циципас, кој бележи пад од две позиции.
Кај дамите на чело и натаму е Наоми Осака, но по победата во Штутгарт, Петра Квитова изби на второто место и зад водечката заостанува само 135 бода. Симона Халеп сега е трета, а Анжелик Кербер и Каролина Плишкова ги сменија позициите. Елина Свитолина остана на шестото место,а а меѓу десетте најдобри се уште Кики Бертенс, Слоун Стивенс, Ешли барти и Ирина Сабаленка.