
ЛШ: ВАРДАР СО ПЛУС 8 НА РЕВАНШОТ ВО СЕГЕД (31-23)
Вардар направи огромен исчекор кон трето по ред учество на Ф4 во ЛШ.Најдобриот состав во Европа за 2017 година покажа и дека покрај сите проблеми , се уште има шампионска днк.Вардар го надигра Пик Сегед со 31-23.Ракометарите во црвено-црниот дрес и се оддолжија на публика во СЦ Јане Сандански со феноменална игра ,блескаво второ полувреме во кое имаа начин како да ја одржат разликата што ја пропуштија после првите 30 минути.
14-12 за Вардар на полувремето ,17-11 во вториот дел и капитални 8 разлика на крајот од емотивната ракометна вечер во Скопје. Криштопанс и Карачиќ завршија со по осум голови, Скубе имаше шест од шест, а Милосављев запре 10 удари на унгарскиот тим.Реваншот во Сегед е закажан за 5 мај.