КУП ФИНАЛЕТО МАКЕДОНИЈА ЃП- АКАДЕМИЈА П. НА 22 МАЈ

Финалниот натпревар од 27.издание  во домашниот фудбалски Куп  ќе се игра на Арената Тодор Проески на 22 мај во термин од 18.30,објави ФФМ.Во борба за трофејот влегуваат Македонија ЃП и Академија Пандев.За скопската екипа тоа ќе биде трето учество во финалето,откако во 2006 година  го освои пехарот со триумф од 3-2 над Шкендија  а во 2009-та загуби од Работнички со 6-5 на пенали.Академија Пандев дебитира во финалето и според формата во првенството важи за фаворит.Најуспешен клуб во Купот е  Вардар со пет титули.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ