
ДОМИНАЦИЈА НА ИГРАЧИТЕ НА МАНЧЕСТЕР С. И НА ЛИВЕРПУЛ ВО ТИМОТ НА СЕЗОНАТА
После дербито на Манчестер кое го доби Сити со 2-0 на Олд Трафорд,соопштен е тимот на сезоната во Премиер лигата.Според очекувањата доминираат играчите на Манчестер Сити со 6. и на Ливерпул со 4 претставници.Единствено Пол Погба се најде во избраното друштво како фудбалер на Јунајтед На голот е бразилскиот голман Едерсон од Манчестер Сити. Во одбраната се најдоа тројца дефанзивци на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк, Енди Робертсон и Трент Александер-Арнолд, како и еден играч на Манчестер Сити – Ејмерик Лапорт.Средниот ред е составен од Бернардо Силва и Фернандињо од Сити додека Пол Погба од Јунајтед е единствениот фудбалер кој доаѓа од останатите 18 клубови во лигата.Напаѓачкото трио го предводи Садио Мане од Ливерпул, во друштво на офанзивците од Сити, Рахим Стерлинг и Серхио Агуеро кој е единствениот играч од ланската постава што се најде во идеалниот состав и за оваа сезона.Инаки Сити после триумфот над Јунајтед со голвоите на Силва и на Сане се врати на 1.место од табелата со еден бод повеќе од Ливерпул во пресрет на последните три кола од сезоната.Во наредното 36.коло,Ливепрул го пречекува Хадерсфилд,Сити гостува кај Барнли.