
Едно лице загина, еден моторџија остана без нога во тешка сообраќајна несреќа
28- годишен моторџија го загуби животот, уште еден е згрижен на скопските клиники. Група од 20 –тина млади луѓе качени на мотори тргнала од Скопје кон Велес.
Ја минале патарината кај општина Петровец и по само 2 километри се случила трагедија. Неофицијално од првичниот увид на полицијата дошло до мал контакт на двата мотори, загубиле контрола, а едниот од нив лизгајќи се по асфалтот се забил во задните тркала на камион кој возел пред нив.
28- годишниот моторџија не давал знаци на живот, а на неговиот пријател моторот му го откинал стапалото.
Веднаш е префрлен во скопскиот ургентен центар, вон животна опасност, а лекарите се обидуваат да му ја спасат ногата.
И по неколку часа, полицијата го држи автопатот Скопје- Велес затворен, а возилата ги пренасочува на стариот пат, додека ги прибира доказите и трагите од сообраќајката.
12 часа претходно несовесен возач залетан со мерцедес во Куманово прегазил 2 –ца полицјаци на работна задача. 27 –годишниот Виктор Цветковски, татко на 6- годишно дете загинал, неговиот колега се справува со тешки повреди.
40- годишниот возач не застанал, продолжил и по само еден километар за забил во друго возило и тешко повредил две лица од возилото.
Го здробил и сопственото возило, во кое и тој е повреден.
Паднал во раце на полицијата не можејќи да избега одново, а според првичните информации возачот бил под дејство на алкохол, а во полицијата има кривично дело за имотни деликти и шверц.
На случајот работи обвинителството и полицијата.
Павле Беловски