
ЛЕ: ПОЛУФИНАЛЕ ЗА АРСЕНАЛ,ЧЕЛЗИ,ВАЛЕНСИЈА И АЈНТРАХТ Ф.
После формирање на полуфиналните двојки во Лигата на шампионите каде за местото во Мадрид ќе играат Барселона-Ливерпул и Ајакс-Тотенхем,од синоќа познати се полуфиналалистите и во Лигата на Европа,Арсенал-Валенсија и Ајнтрахт Франфурт –Челзи.
Реванш четвртфиналето донесе голејада и промоција на два англиски клуба и во завршниот сегмент од ЛЕ.Челзи ја победи Славија Прага со 4-3 на реваншот после ефикасно првото полувевреме со два гола на Педро,погодок на Жиру и автогол на несреќниот Дели.Славија во вториот дел постигна два погодока, дело на Соучек,но на чесите им беа потребни уште два гола за елиминација на Челзи кој имаше и гостински 0-1 од Прага.Во полуфиналето,екипата од Лондон ќе се сретне со Ајнтрахт.Германскиот тим славеше во Франкфурт со 2-0 и ја елиминираше Бенфика која победи со 4-2 на првиот меч.На другите два реванши нема тензии.Арсенал со голот на Лаказет славеше и на Сан Паоло и со вкупни 3-0 го надигра Наполи,слично како Валенсија која со 2-0 и вкупни 5-1 го заврши шпанскиот двомеч против Виљареал.Втори и деветти мај се термини за полуфиналето во Лина Европа.Финалето ќе се игра во Баку на 29 мај.