Караџовски си оди кој ќе го наследи?

Првиот човек на судскиот совет Зоран Караџовски за две недели ќе треба да стане од претседателската фотеља на ова највисоко судско тело што бира и разрешува судии.

Мандатот како претседател му истекува на 26-ти април, како член останува во советот до следното лето.

Процедурата за негов наследник ќе започне на 17-ти Април кога на седница ќе се бира тричлена комисија што ке ги спроведе изборите.

Во телефонски разговор за Телма, Караџовски тврдеше дека себе си не се гледа повторно на оваа функција пред се затоа што според новиот закон за судски совет нема право на втора шанса.

Не сакаше  да коментира дали веке почнале лобирањата  во судскиот совет и дали веке има фаворити мегу членовите

Неофицијално четворица членови на судскиот совет биле децидни дека  немаат амбиции за претседатлеската фотеља. Извори од судскиот совет за Телма велат дека за заинтересиран и потенцијален кандидат се смета новоибраниот член судијата од Врховен, Киро Здравев, но не исклучуваат наредните денови и други колеги да покажат интерес.

Седницата за избор е планирана за 25-ти април.

Членовите не можат да се самокандидираат туку треба може некој од нивните колеги да ги предложи. Доколку уште тројца членови на судскиот совет го подржат предлогот тој официјално станува и кандидат.

Може да има најмногу 3 имиња на ливчето за гласање.

Караџовски не сака да дава оценка за тригодишното предводење на судскиот совет. Вели за тоа ќе говорат фактите и анализите.

Критичарите му забележуваа дека советот под негово водство не ги заштитил судиите од политиката, за нападите кон СЈО но и дека не повел постпаки за судиите и членовите од своетот што ги имаше во бомбите.

Мандатот го завршува со кривична пријава од УПОЗ за незаконски додатоци на платите за членовите  судскиот совет.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ