
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2020:СЕНИОРКИТЕ ВО ГРУПА СО ШВЕДСКА,ЧЕШКА И ПОРТУГАЛИЈА
Ждрепката во Копенхаген ја позиционараше Македонија во групата 5 .За пласман на континенталниот собир, нашата женска сениорска ракометна селекција ќе игра во конкуренција на фаворитот Шведска,а тука се и Чешка и Португалија.
Пласман на шампионатот ќе обезбедат најдобрите две селекции од седумте групи,во друштво на домаќините Норвешка и Данска.
Квалификациите почнуваат на 25 септември оваа година,а последното 6.коло ќе се игра во месец мај наредната ,2020.
14. ЕП во женски ракомет ќе се одржи од 4 до 20 декември 2020.