ФИФА РАНГ ЛИСТА: МАКЕДОНИЈА Е НА 68.МЕСТО

Сениорите  забележа прогрес во најновото рангирање на Светската фудбалска федерација и се наоѓаат на 68 место што е скок од три позиции во однос на претходниот месец и доближување до најдобриот пласман ,54-та позиција од  2006 година. Одличниот  старт во квалификациите за ЕП во 2020 година ,победата  над  Летонија и ремито на гости кај  Словенија се причина за позитивното поместување на листата кај ФИФА.Од конкурентите во групата ,Полска остана како  20-та на светот, Австрија назадуваше 11 места и сега е на 34.позиција.Нема промена кај Словенија , 63-та . Израел е на 84. позиција a Летонија 133-та.Водечката и натаму е Белгија, пред светскиот шампион Франција.Трет е Бразил ,пред  Англија кој ја престигна  Хрватска  на 4.место.Во топ 10 уште се наоѓаат и Уругвај, Португалија, Швајцарија, Шпанија и Данска.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ