Веспрем се враќа во СЕХА, 12 тима поделени во две групи

Во пресрет на решавачките натпревари за пласман на завршна прес конференција раководството на СЕХА лигата потврди дека во следната сезона ќе има неколку измени. Во регионалното натпреварување ќе партиципираат 12 екипи, а во конкуренцијата се враќа Веспрем со кој ќе се потпише договор на три години.

Претседателот на СЕХА, Михајло Михајловски истакна дека тимовите ќе бидат поделени во две групи и најави дека ќе се организира турнир за кадетските состави на учесниците додека имињата на учесниците ќе биде потврдена во текот на следниот период.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ