Брестовац го соопшти списокот за дуелите со Исланд

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Данило Брестовац го објави поширокиот список на играчи кои ќе бидат во комбинација за претстојните квалификациски натпревари со Исланд.

На поширокиот список Брестовац има 28 ракометари и во однос на составот кој беше дел од Светското првенство во Германија од поискусните го нема Филип Лазаров, а во националниот тим се враќаат Стефан Дрогришки, Милорад Кукоски и Дарко Димитриевски. Нови имиња кои влегоа во комбинација за настап во репрезентацијата се Градимир Чаневски и Ненад Костески.

Првиот натпревар против Исланд го играме на 10 април во Рејкјавик додека четири дена подоцна со истиот противник ќе се соочиме во арената Борис Трајковски. И двата натпревари ќе можете да ги следите низ директни преноси на Телма.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ