Пораз на Голден Стејт, Денвер поуспешен од Оклахома

Победа и пораз на водечките екипи во Западната конференција. Лидерот Голден Стејт го загуби мечот против Минесота додека Денвер беше поуспешен во дуелот против Оклахома.

Актуелниот шампион по продолжение од пет минути е поразен со 131:130 во дуелот против Минесота. Ендрју Вигинс мечот го заврши со 24 поени и 9 скока, Џош Окоги беше стрелец на 21 поен додека Карл Ентони Таунс забележа 15 поени и 13 освоени топки под обрачите. Во поразениот тим Стеф Кари постигна 37 поени, а Кевин Дурент впиша 23 поени, 12 скока и седум асистенции.

Денвер славеше на гостувањето против Оклахома со 115:105. Џамал Мареј имаше 27 поени и девет додавања, Никола Јокиќ додаде 23 поени и 16 освоени топки, а Пол Милсап постигна 14 поени. На спротивната страна Расел Вестбрук забележа 27 поени, девет скока и двет асистенции, а Пол Џорџ впиша 25 поени и девет освоени топки.

Во останатите натпревари Бостон – Индијана 114:112, Портланд – Атланта 118:98, Јута – Вашингтон 128:124 и Лос Анџелес Лејкерс – Шарлот 129:115.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ