
Вардар го доби соседското дерби со Работнички: Тасевски веднаш си поднесе оставка
Вардар со 2-0 триумфираше како гостин против Работнички во големото скопско дерби во рамки на 24.коло во Првата фудбалска лига.
Матеј Цветаноски во шестата минута го отвори резултатот, а победа за „црвено-црните“ ја потврди Хуан Фелипе во 55-тата минута. По натпреварот, тренерот на „романтичарите“ Жикица Тасевски си поднесе неотповиклива оставка по трите порази по ред (Академија Пандев, Шкендија и Вардар).
Шампионот и актуелен лидер на табелата, Шкендија со убедливи 3-0 славеше на гостувањето кај Силекс во Кратово. Гостинска победа оствари и Македонија Ѓорче Петров од 1-0 на „Чаир“ кај Шкупи во малото скопско дерби. Стрелец на голот за „лавовите“ вреден три бода беше Боби Божиновски во 87-та минута.
Најефикасно денеска беше на дуелот помеѓу Ренова и Беласица, на кој домашниот тим победи со 3-2. Натпреварот помеѓу Победа и Академија Пандев ќе се одигра на 1 мај.
ТАБЕЛА
1. ШКЕНДИЈА 53
2. ВАРДАР 45
3. АКАДЕМИЈА П. 42 (-1)
4. РЕНОВА 33
5. ШКУПИ 33
6. РАБОТНИЧКИ 31
7. МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. 29
8. СИЛЕКС 24
9. БЕЛАСИЦА 19
10. ПОБЕДА 18 (-1)