
Јокиќ му донесе триумф на Денвер, Торонто подобар од ЛА Лејкерс
Денвер со поените на Никола Јокиќ во последната секунда од натпреварот го совлада Далас, а второпласираниот тим на Истокот, Торонто беше поуспешен од Лос Анџелес Лејкерс.
Денвер го совлада Далас со 100:99 и ја забележа втората победа во низа. Пол Милсап мечот го заврши со 33 поени и осум скока, Никола Јокиќ додаде 11 поени, 14 освоени топки и осум асистенции, а на спротивната страна Лука Дончиќ впиша 24 поени, 11 скока и девет додавања.
Торонто триумфираше над Лос Анџелес Лејкерс со 111:98. Каваи Ленард забележа 25 поени, осум освоени топки под обрачите и четири асистенции додека Норман Пауел имаше 20 поени и осум скока. Во поразениот тим ЛеБрон Џејмс имаѓе учинок од 29 поени и шест асистенции.
Во останатите мечеви Индијана – Оклахома 108:106, Орландо – Кливленд 120:91, Бостон – Сакраменто 126:120 и Јута – Минесота 120:100.