
Челзи уште еднаш го „тресна“ Динамо Киев: Хет-трик на Жиру (ВИДЕО)
Екипата на Челзи убедливо и доминантно се пласираше во четвртфиналето од Лигата на Европа, откако вечерва со 5-0 славеше на гостувањето кај Динамо Киев.
Премиерлигашот имаше убедлива предност и од првиот натпревар од 3-0 одигран во Лондон, а вечерва само ја докажа својата класа.
Оливие Жиру беше херој на „сините“ постигувајќи хет-трик, а по еднаш во листата на стрелците се запишаа Маркос Алонсо и Калум Хадсон-Одои.
Наполи исто така се пласираше помеѓу најдобрите осум во второто по ранг клупско натпреварување иако на реваншот кај Салцбург загуби со 3-1. Италијанците на домашен терен минатата недела славеа со 3-0.
Валенсија се спаси во 93-тата минута благодарение на голот на Гонсало Гедеш за 1-1 на гостувањето кај Краснодар. Домашниот тим водеше со 1-0 со голот на Магомед-Шапи Сулејманов во 85-тата минута и со овој резултат чекореше кон четвртфиналето, бидејќи на првиот натпревар во Шпанија загуби со 2-1.
Сепак, Португалецот од редовите на Валенсија погоди во самиот финиш да го шокира рускиот тим.
Останатите натпревари се играат во овие моменти.
ДИНАМО К. – ЧЕЛЗИ 0-5 (0-3)
КРАСНОДАР – ВАЛЕНСИЈА 1-1 (1-2)
САЛЦБУРГ – НАПОЛИ 3-1 (0-3)
АРСЕНАЛ – РЕН (1-3)
БЕНФИКА – ДИНАМО З. (0-1)
ИНТЕР – АЈНТРАХТ Ф. (0-0)
СЛАВИЈА П. – СЕВИЛЈА (2-2)
ВИЛЈАРЕАЛ – ЗЕНИТ (3-1)
*во заграда се резултатите од првите натпревари.