Елиминација на Зверев во Индијан Велс

Германецот Јан Ленард Штруф со елиминацијата на сонародникот Александар Зверев го направи најголемото изненадување во мечевите од третото коло на првиот турнир од Мастерс серијата што се одржува во Индијан Велс.

Во меч што траеше седумдесет минути Штруф во два сета со 6:3 и 6:1 госовлада Звереве, седмиот фаворит Доминик Тим славеше над Жил Симон, Милош Раонич со 2:1 во сетови славеше во мечот против Маркос Џирон, Јапонецот Јошихито Нишиока беше поуспешен од Феликс Огер додека во соочувањето на српските тенисери Миомир Кецмановиќ триумфираше над Ласло Ѓере. Мечот меѓу првиот носител Новак Ѓоковиќ и Филип Колшрајбер беше прекинат поради дожд.

Кај дамите првата фаворитка Наоми Осака со 6:4 и 6:2 ја совлада Даниел Колинс, носителката број 5, Каролина Плишкова славеше во мечот против Јасалин Бонавентур, Венус Вилијамс триумфираше во соочувањето со сонародничката Кристина МекХејл, а пласман во следната рунда обезбедија уште Ирина Сабаленка, Анжелик Кербер и Белинда Бенчиќ.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ