
Македонските селекции на ЕП во ракомет на плажа
Летово Полска ќе биде домаќин на Европското првенство во ракомет на плажа, а макеоднските репрезентациии ги добија противниците за првата фаза од континенталниот шампионат.
Нашата машка селекција е дел од Ц групата во која партиципираат уште репрезентациите на Хрватска, Украина, Швајцарија и Италија додека дамите се дел од Д конкуренцијата во која ќе се натпреваруваат Данска, Русија, Украина и Германија.
Европското првенство ќе се одржи од втори до седми јули, а трофеите ги браната Норвешка во женска и Шпанија во машка конкуренција.