Сузана Мицева наградена за најдобра новинарска сторија од локален и регионален карактер

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) денеска на одбележувањето на 73-годишнината од работењето ги додели годишните награди за најдобри новинарски стории за 2018 година.

Годинава, првпат беа доделени две награди за новинарски стории од локален и регионален карактер со цел да се поттикне истражувачкото новинарство во локалните медиуми. Во оваа категорија наградата ја доби нашата дописничка Сузана Мицева за  прилозите за раководителот на хидросистемот Ѓавато во Богданци кој боледуваше во канцеларија.  Наградена беше и Светлана Дарудова, дописник на МИА за нејзината сторија за недоволната грижа за децата со пречки во развојот во Неготино.

Наградата за животно дело „Крсте Петков Мисирков“ и беше врачена на Менче Атанасова-Точи, која на своите постари колеги им порача да работат со помладите за се врати квалитетот во новинарството. Наградите за најдобра истражувачката сторија ја добија новинарот Сунај Сабриоски за неговиот серијал на прилози за продажбата на атрактивното земјиште спроти Градскиот трговски центар и на новинарката Ирена Мулачка од за серијалот за приватната установа за заштита на возрасни лица во Радишани.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ