
СЕХА ЛИГА:ТРЕТ ПОРАЗ НА ВАРДАР МЕШКОВ Б. СЛАВЕШЕ ВО СКОПЈЕ
Вардар како сигурен патник на Ф 4 турнирот во Сеха лигата загуби на домашен терен во СЦ Јане Сандански со 30-32 од Мешков Брест ,белорускиот тим кој е во трка со Татран Прешов за 4-та позиција и место на завршниот турнир.Вардар останува лидер во СЕХА лигата и покрај третиот пораз сезонава.
Освен почетното водство,Вардар во продолжение од првото полувреме имаше постојано негатива од два до три гола,но со погодоците на Криштопанс и Чупиќ пред паузата, намали на 16-17.Во вторите 30 минути,македонскиот шампион стигна до 24-24 во 43 минута и понесен од одбраните на Милосављев се чинеше дека тргна кон 14 победа во тековната сезона.Но по грешките во финишот,гостите во Јане Сандански од 30-30 во последната минута постигнаа два гола за нивна 11 победа сезонава ,втора над Вардар. Најефикасни кај Вардар беа Дибиров и Скубе со по 6 голови.Криштопанс и Војводиќ постигнаа по три.Милосављев заврши со 7 интеревции.До крајот на лигашкиот дел од сезоната во Сеха,Вардар ќе има две гостувача,на 10 март кај Нексе и на 12.03 против Извиѓач.