МЕТАЛУРГ БЕЗ БОДОВИ ОД НИШ

После победата  кај Стеауа,Металург не успеа да врзе втор триумф по ред на гостински терен. Железничар Ниш го победи Македонскиот вицепрвак  со 27-25.Тимот на Веселин Вујовиќ водеше во поголемиот дел од мечот,во 54 минута  Металург имаше можност да влезе во неизвесен финиш но не искористи напад за 24-24.Домашните нанижаа уште два гола и стигнаа до 4 победа сезонава како и до  бодови со кои го престигна Металург на 8.место. Димитриоски и Танкоски беа најефикасни  кај гостите од Скопје со по  четири голови.Дупјачанец имаше 11 одбрани.Кај Железничар најдобар поединец беше Вејин со шест погодоци.На 6 март ,Металург гостува кај Татран Прешов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ