
ФИС ГИ КОРЕГИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ЖЕНСКИОТ СПУСТ ВО КРАН МОНТАНА
Три дена по спустот во Кран-Монтана,Светската скијачка федерација направи промена на резултатите. Победничката Софија Гоџа го задржува првото место. Според корекциите, втората позиција и припаѓа на Никол Шмидхофер, а третата на Корин Зутер. Без подиум остануваат Јоана Хелен и Лара Гуд-Бехрами. Хелен падна на четвртото, а Гуд-Бехарми на шестото место.ФИС спровел истрага поради проблеми со мерење на времето.Резултатите на четирите скијачки не биле електронски мерени.Грешка е лоцирана во бек-апот, рачното мерење каде не бил точно пресметан факторот на корекција од 13 стотинки.Со пласман на 2.место,австријката Шмидхофер во поредокот за спуст ја зголеми предноста на 90 бодови пред сонародничката Зибенхофер.