Кепа казнет со 225.000 евра

Кепа Аризабалага, голманот на Челзи, се извини за своето однесување во финишот од финалето на Лига купот против Манчестер сити Во 118-тата минута, Шпанецот одби да го отстапи своето место на резервниот голман и предизвика бес кај тренерот Маурицио Сари и осуда од фудбалската јавност. Сари одлучи да го замени за пеналлте со Вили Кабалеро  екс голанот на Сити кој веќе беше подготвен да влезе на теренот. Судиите ја објавија замената, но Кепа одби да го напушти теренот, покажувајќи дека може да продолжи. Не помогнаа ниту убедувањата на соиграчите да излезе од теренот.Сити славеше со 4-3 во пеналите.Казната на Кепа од 225 илјади евра,Челзи ќе ја донира во хуманитарна организација.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ