Челзи не може да регистрира нови фудбалери до јули 2020 година

Челзи заработи казна од ФИФА и во следните два трансфер периоди не смее да регистрира нови фудбалери. Премиерлигашот е суспендиран поради неправилности при ангажман на странски фудбалери под 18 години.

Истрагата на ФИФА траела цели три години, па е откриено дека Челзи прекршил дури 29 правила при 14 трансфери на млади фудбалери од странство. Клубот нема да може да регистрира нови фудбалери во летниот преоден рок и во јануарскиот преоден рок во 2020 година. Челзи исто така ќе мора да плати и парична казна од 460.000 фунти, а парична казна доби и Фудбалската асоцијација на Англија од 390.000 фунти поради тоа што ги регистрирала фудбалерите и покрај прекршувањето на правилата на ФИФА.

Челзи има рок од три дена да се жали на оваа казна на ФИФА, а доколку нивната жалба не биде прифатена следната истанца е Спортскиот арбитражен суд. Според пишувањата во англиските медиуми се очекува ФИФА да има попушти на „сините“ и ќе дозволи да регистрира одреден број фудбалери во летниот преоден рок, но со одредини рестрикции.

Челзи може да продава фубалери, а казната не се однесува на нивниот женски фудбалски тим и футсал тимот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ