ДАВИТКОВ ОСТАНА БЕЗ ПЛЕЈМЕЈКЕРОТ КОСТОСКИ

Селекторот Јорданчо Давитков се судри со нов проблем во подготовките за  натпревар против Романија. Александар Костоски објави завршување на репрезентативната кариера. Кошаркарот кој има 30 години веќе подолго време размислувал на оваа тема, а одлуката ја официјализира по разговори со раководството на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) и селекторот Јорданчо Давитков. Костоски беше дел од репрезентацијата на Македонија на две големи натпреварувања – ЕП 2013 и ЕП 2015.Неизвесен е настапот на Бојан Трајкосвки кој има проблем со коленото,додека натурализираниот кошаркар Ричард Хендрикс поради проблеми со летот од САД ,најверојатно ќе и се приклучи на екипата директно во Романија.Македонија на пат кон враќање во елитата го финишира  вториот претквалификациски  циклус.

Во претквалификациите,Македонија има три победи ,две над Косово и домашен триумф од 14 разлика над Романија,што е огромна предност за потврда на 1.позиција во Плоешти на 21 февруари.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ