Скопските пожарникари со стара опрема извлекуваа патници од превртениот автобус

Скопските пожарникари заедно со тетовските колеги учествуваа во пружањето помош и извлекувањето на најтешко повредените патници во несреќата кај ласкарци. Работат во стари возила, им фалат и 199 пожарникари во бригадата, но и опрема и обука за прва помош. Спасувачкиот тим од пожарникарската станица во автокоманда бил повикан да дојде да ги ослободува заробените патници. Мартин Божиновски е првиот кој влегол во превртениот автобус, и оттаму извлекол 4-ца тешко повредени, меѓу кои и бремената гостиварчанка и тројца починати. Еве ја неговата приказна која тој ја раскажа за КОД на Телма.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ