Триумф на тимот на САД, МВП наградата за Кузма

Со дуелот меѓу ѕвездите во подем, тимови формирани од кошаркари кои се дебитанти или ја играат втората сезона во најсилната кошаркарска лига на светот стартуваше 68-от Ол стар викенд.
Соединетите Американски Држави славеа со 161:144 во мечот против тимот составен од играчи од остатокот на светот, а наградата за најкорисен играч ја освои Кајл Кузма, кој мечот го заврши со 35 поени, шест скока и две асистенции.

Џејсон Тејтум впиша 20 поени и девет освоени топки, а Тре Јанг додаде 25 поени и 10 додавања. Во поразениот тим Бен Симонс беше стрелец на 28 поени, Лаури Марканен имаше учинок од 21 поен и шест скока додека Лука Дончиќ забележа 13 поени и девет асистенции.

Ол стар викендот продолжува вечерва со натпреварувањето во вештини, а в недела на програмата е традиционалното соочување на најдобрите тимови составени од ЛеБрон Џејмс и Јанис Адетокумбо.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ