ДАВИТКОВ ПОВИКА 14 РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ ЗА МЕЧОТ СО РОМАНИЈА

Сениорската репрезентација На Македонија  следната недела   ќе го одигра последниот натпревар од  вториот круг    претквалификациите за ЕП во  2021 за поптврда на 1.место во групата Б во конкуренција на Романија и на Косово. Селекторот  Јорданчо Давитков  го истакна спискот на играчи кои треба да се појават в понеделник на првата прозивка закажана во 10:00 часот.

Војдан Стојановски,Дамјан Стојановски,Александар Костоски,Дарко Соколов,Бобан Стајиќ,Андреј Магдевски,Димитар Караџовски,Марко Симоновски,Стојан Ѓуроски,Бојан Трајковски,Љубомир Младеновски,Бојан Крстевски,Андреј Маслинко  и  Ричард Хендрикс.

Натпреварот ќе се одигра во спортската сала во градот Плоешти на 21. февруари со почеток во 19:00 часот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ