Изненадувачки подиум во комбинација: Злато за Алексис Пинтуро

Алексис Пинтуро го освои своето прво злато на големите натпреварувања, откако денеска славеше во алпска комбинација на Светското првенство во скијање, што се одржува во Аре, Шведска.

Францускиот скијач до победата дојде откако беше фантастичен во слалом, бидејќи по првата трка во спуст беше 24-ти. Тој зад Италијанецот Доминик Парис, кој беше најбрз во спуст, имаше заостанување од 1 секунда и 52 стотинки, но со одлично возење во слаломската трка дојде до златниот медал.

Среброто му припадна на младиот Словенец Штефан Хадалин, кој всушност имаше најбрзо време во слалом. На третото скалило на победничкиот подиум се искачи Марко Шварц од Австрија. Интересно е тоа што за сите медалисти ова е прво одличје на големите натпреварувања во сениорска конкуренција.

Утре на Светското првенство на програмата се тимските натпревари.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ