
Металург ангажираше хрватски специјалист за одбрана
Ракометниот клуб Металург денеска доведе нов ракометар во своите редови. Се работи за хрватскиот интернационалец Тео Чориќ, кој игра на позицијата пикер.
Чориќ е специјалист за игра во одбраната, но исто така може да помогне и во играта од нападот. Адријан Миличевиќ има повреда, па Чориќ треба да биде подршка за Милан Лазаровски и Филип Арсеновски.
Во Металург доѓа од екипата на Рајн Викинг од втората лига во Германија и се очекува да има голема улога во одбранбената линија на македонскиот вицепрвак. Претходно во кариерата има играно за Замет, Пореч, Загреб и Штутгарт.
Со Металург потпиша договор на година ипол.