АБА 2: ВТОР ПОРАЗ НА МЗТ ВО 2019

МЗТ  загуби  со 98-75 на гостувањето во Белград и не ја оствари  петтата победа во низ од настапите во АБА 2 лигата.Вечерва против составот на Динамик,МЗТ одигра просечно првото полувреме по кое имаше 9 поени негатива ,но шансата за гостински триумф дефинитивно пропадна во третата четвртина која домаќинот ја доби со 31-18.Завршните 10 минути,скопската екипа ги одигра со осцилации и заврши со втор пораз во 2019  година.Динамик ја доби битката под обрачите со 40 скокови од кои 12 офанзивни ,наспроти  25 кај МЗТ. Џејмс Вудард со 26 поени од кои шест од линијата за три  беше најдобар кај  македонскиот вице шампион. Бојиќ  заврши со 15 , Магдевски со  12 поени.МЗТ застана на 3.позиција,Динамик се искачи на 4.место.Шансата за 2.место кое овозможува предност во плеј-офот,Металците  ке ја бараат  во  последните 3.кола.Во следното 20-то,  МЗТ после завршницата на домашниот Куп,на 28 февруари  ја пречекува  Рогашка.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ