Раул Гонзалес и РФМ ја прекинаа соработката

Раул Гонзалез повеќе не е селектор на македонската ракометна репрезентација. Како што се вели во соопштението на федерацијата соработката е спогодбено раскината и во следниот период се очекува именувањето на новиот предводник на националниот тим.

Во соопштението се потенцира дека во предвид е земена потребата на машката селекција да има тренер кој секојдневно ќе биде посветен на ангажманот како и оддалеченоста и клупските обрски на досегашниот селектор постигнат е договор за предвремен прекин на соработката. Раул Гонзалез на чело на репрезентацијата дојде во 2017 година и ја водеше екипата на последното Европско и Светско првенство.

Во конкуренција за наследник на досегашниот селектор се споменуваат досегашниот помошник Роберто Гарсија Парондо, потоа предводникот на младите репрезентации Данило Брестовац, а сигурно дека во следниве денови ќе има уште неколку кандидати. Селекторот на националниот тим ќе мора да се избере во најкус рок со оглед на фактот дека на 10 и 14 април не очекуваат два дуели со Исланд во квалификациите за Европското првенство.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ