Вардар потешко од очекуваното славеше против Војводина

Ракометарите на Вардар ја совладаа Војводина со 26-23 во дуел од 14.коло во регионалната СЕХА лига.

„Црвено-црните“ на овој меч настапија без неколкумина стандардни ракометари, а до бодовите дојдоа со подобра игра во последните десетина минути кога ја подобрија одбраната.

Војводина имаше и водство по првото полувреме со 14-13, но „црвено-црните“ запнаа во финишот, кога го скршија отпорот на домаќинот за да ја обезбедат победата.

Најефикасен во победничкиот состав беше Иван Чупиќ со осум погодоци, Сташ Скубе постигна седум, Данаис Кристопанс шест пати се запиша во листата на стрелците. Голманот Дејан Милосављев имаше 11 одбрани.

По овој триумф, македонскиот шампион води на табелата со 36 бода, Нексе има 33, исто колку и Загреб кој има и натпревар помалку.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ