ПЗЖ без Нејмар против Манчестер Јунајтед во ЛШ

Бразилецот  Нејмар нема да се оперира од повредата на десното стапало и ќе  продолжи со конзервативно лекување, одлучија група престижни лекари во Париз по внимателно разгледување на состојбата на играчот.Звездата на ПСЖ се повреди на 23 јануари при победата со 2:0 против Стразбур во средба од Купот на Франција.Нејмар нема да може да игра цели 10 недели, и нема да биде во тимот за  двата натпревари со Манчестер Јунајтед од фазата на елиминации во  Лигата на шампионите.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ