
Ѓоковиќ со историски триумф во Мелбурн
Новак Ѓоковиќ по седми пат во кариерата триумфираше на Отвореното тениско првенство на Австралија и по денешната победа над Рафаел Надал го надмина рекордот на Рој Емерсон и Роџер Федерер.
Светскиот рекет број 1 до 15-от Гренд слем трофеј стигна со супериорна игра и за 2 часа и шест минути во три сета со 6:3, 6:2 и 6:3 го освои првиот голем турнир во новата сезона.
За Ѓоковиќ ова беше трет последователен триумф на Гренд слем турнирите и со евентуална победа во Париз ќе го повтори успехот од 2016 година кога во еден момент беше актуелен победник на сите четири големи натпреварувања. Првото место во Мелбурн на Ѓоковиќ ќе му донесе 2000 АТП бодови и парична награда од 2 и пол милиони евра.
Во игра на машки двојки триумф на француската комбинација Пјер Хју Ербер – Николас Мау која во со 2:0 по сетови 6:4 и 7:6 славеше над финско-австралиската двојка Континен-Пирс.