
Продолжува триумфалната серија на Голден Стејт
Голден Стејт ја продолжи триумфалната серија и ја задржа лидерската позиција на Западот пред Денвер, кој славеше во соочувањето со Филаделфија.
Бранителот на трофејот го совлада Бостон со 115:111 и стигна до десеттиот последователен триумф. Кевин Дурент мечот го заврши со 33 поени и девет скока, Стеф Кари беше стрелец на 24 поени, а Клеј Томпсон постигна 21. Во поразениот тим Кајри Ирвинг имаше учинок од 32 поени и 10 асистенции додека Ал Хорфорд впиша 22 поени и 13 освоени топки.
Денвер славеше над Филаделфија со 126:110. Во победничкиот тим повторно блескаше Никола Јокиќ со 32 поени, 10 додавања и 18 скока. Мејсон Пламли додаде 17 поени, а Вил Бартон имаше 16 поени и четири освоени топки. На спротивната страна најефикасен со 22 поени беше Џеј Џеј Редик.
Во останатите натпревари Сан Антонио – Њу Орлеанс 126:114, Мемфис – Индијана 106:103 и Портланд – Атланта 120:111.