Парис најбрз на спустот во Кицбил

Доминик Парис е победник на шестиот спуст сезонава што се возеше во Кицбил. За Италијанецот ова е трет тиумф на една од најатрактивните патеки во Светскиот куп.

Парис на целта пристигна со време од 1 минута 56 секунди и 82 стотинки. Второто место му припадна на Беат Фојц од Швајцарија, кој зад победникот заостана 20 стоти дела. Настапот во Кицбил на третата позиција го заврши домашниот натпреварувач Отмар Страјдингер.

Во редоследот за спуст на чело е Фојц со 420 бода, 100 повеќе од Парис додека трет е Кристоф Инерхофер со 260. Во генералниот пласман за Светскиот куп на чело е Марсел Хиршер со 1036 бода пред Хенрик Кристоферсон со 621, а на третото место е Алексис Пантуро со 560. Утре на патеката во Кицбил на програмата е трката во слалом.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ