Спасувачите се откажаа: Потрагата по фудбалерот Емилијано Сала заврши

Потрагата по фудбалерот Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон е прекината, откако спасувачките екипи и по три дена не најдоа никаква трага од исчезнатиот авион во англискиот канал.

Емилијано сала и пилотот беа во авионот кој исчезна од радарот во понеделникот вечер, а се упатуваше на реалција од Нант кон Кардиф. По три дена, спасувачките служби одлучија да ја прекинат потрагата откако не пронајдоа ништо во англискиот канал. Шансите да бидат пронајдени живи речиси и да не постојат, изјавија од полицијата на островот Гернзи, која ја организираше потрагата.

Ова се случува откако територија од над 1.700 квадратни милји била пребарана повеќе од еднаш, разгледани се податоците од мобилни телефони и сателитски снимки. Три авиони и пет хеликоптери поминале вкупно над 80 часови лет, во обид да најдат траги од авионот или двајцата негови патници Сала и Иботсон.

Од семејството на Сала побараа од спасувачките служби да ја продолжат потрагата. Неговата сестра, Ромина излезе на прес-конференција и побара властите во британија и франција да не се откажуваат.

Експертите со кои исконтактираа англиските медиуми, велат дека причина за несреќата најверојатно е замрзнување на крилата на авионот од марката „пајпер малибу“, кој важи за еден од најнебезбедните летала. Фудбалерот бил испаничен поради лошиот лет и на свои пријатели им оставил говорна порака, во која им кажал дека се плаши за својот живот.

Сала беше на пат кон Кардиф каде направи трансфер вреден 18 милиони евра од редовите на Нант.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ