МАКЕДОНИЈА ГО ПОБЕДИ ЧИЛЕ ЗА 15.МЕСТО НА СП

Македонската ракометна репрезентација оствари победа против Чиле со 32-30 во последниот меч од Светското првенство во Германија и Данска и го заврши шестото учество на Мундијалите на 15. место.Пласманот на 9. позиција во Катар пред 4 години останува најдобриот резултат на СП-ва.Денеска во Келн,Македонија пронајде мотиви во второто полувреме.16-16 завршија воведните 30 минути .Во вториот дел двете репрезентации се менуваа во водството, а клучна беше серијата на Лазаров од три гола, со која поведовме со 27-26, а по двете одбрани на Митревски, Манасков ни донесе два гола предност. До крајот се играше гол за гол за конечна победа на Македонија. Кире Лазаров беше прв стрелец со девет погодоци, Манасков постигна осум, а Стоилов пет гола.Македонија заврши со биланс од три победи над Јапонија,Бахреин и Чиле и четири порази во мечевите со селекции од Европа,Шпанија,Хрватска,Исланд и Русија .

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ